Јапонија во страв чека жесток удар: 412 летови откажани поради мегатајфун
Јапонските авиокомпании биле принудени да откажат 412 летови поради тајфунот Тапа кој се приближува кој југозападниот остров Кјушѕ, а најмалку 5.000 станбени згради во префектурата Мијазаки останаа без струја поради искинати кабли, јави телевизијата НХК.
Сообраќајот на автопатиштата на тој остров се одвива отежнато,
На југозападот на Јапонија се очекува 300 до 350 милиметри врнежи по квадратен метар во текот на денот, а локалните власти предупредуваат на можноста од појава на свлечиште во планинските краишта.
Според временската прогноза, тропаската бура во која вчера се повредени 20 куќе на островот Окинава, вечерва ќе стигне до Кјушу.
Тапа е 17-ти тајфун кој доаѓа до Јапонија од Тихиот Океан оваа година.
Претходно овој месец, три лица загинаа, а над 60 беа повредени во разорниот тајфун Факсаи.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата