Јапонија развива нова ракета копно-море поради спорните острови
Јапонија ќе развие нова ракета копно-море во рамки на планот за зајакнување на одбрана на своите оддалечени јужни острови, поради кои има спор со Кина, јавуваат денеска јапонски медиуми.
Токио планира да распореди нови ракети, кои наводно ќе имаат дострел од 300 километри, на островите како Мијака во префектурата Окинава, објави денеска јапонскиот весник „Јомиури Шинбун“, не наведувајќи извори.
Весникот додаде дека дострелот на ракетите ќе ја опфати спорната група острови, како и дека распоредувањето на ракетите се очекува до 2023 година.
Токио и Пекинг веќе долго време спорат околу ненаселените острови, на кои двете земји сметаат дека имаат право, а кои Јапонците ги нарекуваат Сенкаку, а Кинезите Диаоју.
Јапонското Министерство за надворешни работи во последно време повеќе пати протестираше против влегувањето на кинески бродови во територијалните води на спорните острови.
Ново на Сител
-
Обвинителката Ленче Ристоска е задоволна од одлуката на Уставен суд
-
Тема на денот со Милан Стефаноски, надворешно политички аналитичар
-
Трамп: Русија е во подобра позиција за преговори од Украина
-
Изгоре стан во Кисела Вода – Пет лица се повредени
-
Со сатар и два ножеви скопјанец се обидел да влезе во Кривичниот суд
-
Од денеска замрзнати цени и маржи, казните за непочитување се до 10 илјади евра
-
Бизнисот ги бара парите од солидарниот данок, Финансии ги убедува да прифатат пребивање
-
МОН и СОНК пред потпишување на колективен договор