Јапонија го одобри Ремдесивир за лекување на Ковид-19
Јапонија го одобри Ремдесивир на американската компанија Гилеад сајанс за лекување на заболените од Ковид-19, соопшти јапонското Министерство за здравство. Со тоа, Јапонија стана втората земја по САД, која и официјално го авторизираше тој лек за болеста предизвикана од новиот коронавирус.
Јапонија одлуката ја донесе само три дена откако американската фармацевтска компанија побара одобрение по брза постапка. Јапонското Министерство информира дека Ремдесивир ќе се дава на пациентите со тежок облик на Ковид-19.
Овој лек минатата недела доби одобрение од американската Агенција за храна и лекови за интервентна употреба.
Јапонија, со само 16 илјади заболени и помалку од 800 починати, има значително помалку случаи од останатите високо развиени индустриски земји.
Ново на Сител
-

Предизвикот „24ч Адреналин“ ќе ги поврзе воздухот, земјата и водата во еднодневна авантура низ Македонија
-

Еден загинат, 16 повредени во инцидент на Парадата на гордоста во Берлин
-

Премиерот Мицкоски ќе изврши увид во градежните активности на клучката „Момин Поток“
-

Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес
-

Сончево и ветровито
-

Николоски: Градски воз ќе има, ветивме од 1 септември и од 1 септември ќе оперира
-

ЦУК: Три активни пожари на отворено, еден под контрола и осум изгаснати
-

Норис ја освои пол-позицијата на унгарското Гран при
