Јануари 2024 година најтоплиот во историјата на мерењето на температурата
Јануари 2024 година е најтоплиот во историјата на набљудувањата на времето и климата, објави денеска Светската метеоролошка организација (СМО).
-Трендот на уривање рекорди што беше забележан во поголемиот дел од 2023 година продолжи и во 2024 година – јануари беше најтоплиот јануари досега, соопшти организацијата.
Според СМО, тоа е осми месец по ред кој е најтопол досега.
-Температурите на површината на морето се на рекордно високо ниво, десет месеци по ред, соопшти СМО.
Просечната месечна температура на воздухот била за 1,66 степени повисока од јануарски просек во периодот од 1850-1900 година, додека во периодот од 1991-2020 година била 0,70 степени над просекот за јануари.
Според податоците на Службата за климатски промени Коперникус, во споредба со температурата од претходниот најтопол јануари 2020 година, просечната месечна температура беше над 0,12 степени.
Организацијата ги наведе податоците добиени од американската Национална администрација за океани и атмосфера НОАА (NOAA), НАСА, службата за климатски промени Коперникус на Европската унија и Јапонската метеоролошка агенција.
Ново на Сител
-
Отворена истражна постапка против лично обезбедување на премиерот, осомничен за „оддавање службена тајна“
-
Осум кандидати за член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ги претставија нивните кандидатури
-
Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за напади на енергетските капацитети
-
Горивата поскапуваат од еден до 1,5 денари за литар
-
ССМ: Борба за работнички права и достоинствени плати
-
Мицкоски: Нека е со среќа повисоки пензии
-
Србија и Унгарија потпишаа договор за одбранбена соработка, Вучиќ најави и воен сојуз
-
Тетовчанка за 7.000 евра го уценувала својот вонбрачен партнер за да не го открие на неговата сопруга