Јанкуловски ги демнатира обвинувањата на НАкС

На Фејсбук профилот на Утрински брифинг објавено е интервју со проф. Маја Стевановиќ, од НАкС (Независен академски синдикат) во кое беа изнесени груби невистини за наводно узурпирање на академската слобода и притисоци врз вработените на Универзитетот за членство во синдикатот на УКИМ.
Синдикалното здружување е доброволно. Не можам да не ја споделам таквата информација од МОН, бидејќи платите во високото образование се многу ниски. Во ниту еден момент не е направен притисок врз кој било вработен и за само два дена постигната е репрезентативност од над 30 % од вработените на УКИМ од кои повеќе од половината се наставно-научен кадар. Самото тоа е доказ дека ниту се имало намера да се изврши притисок, а ни желба ни време тоа да се направи врз околу 1000 вработени. За жал синдикатот НАкС (Независен академски синдикат), каде членува проф. Маја Стевановиќ, не успеа да постигне репрезентативност за речиси 4 години од неговото формирање, што е веројатно и причина за ваквиот однос кон оваа ситуација.
Грубо бев обвинет дека сум го казнил Факултетот за драмски уметности при УКИМ со 20.000 евра, што претставува ноторна лага. Невистина е, и повторно лажно обвинување е дека не сум ги праќал барањата за нови вработувања во МОН за потребите на Факултетот за драмски уметности.
Со ваквите лажни тврдења на проф. Стевановиќ се нарушува мојот и угледот на целиот Универзитет.
Ја известувам јавноста и медиумите дека во секој момент можат да ги проверат овие лажни обвинувања.
Ново на Сител
-

Германскиот канцелар Мерц со порака до земјите кандидати за ЕУ – Не сакам да ве изгубам, Македонија бара достоинствен процес за влез
-

Тема на денот со Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси Интернешнл Македонија
-

Што ќе донесе договорот меѓу САД и Македонија?
-

Цвета Ристовска поднесе оставка во ДКСК
-

Гоце Наумовски пред избор за уставен судија, во судски активен огласот за втор кандидат
-

Кои министри на Вреди ќе заминат од Владата допрва ќе се одлучува
-

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење
-

Пад на месечната инфлација од 0,7%
