Македонија
28. September 2020 - 19:51

Јанкуловска спроведена во затвор

Екс министерската за внатрешни работи Гордана Јанкулоска попладнево околу 18 часот од зградата карши МВР во која раководеше со полициска придружба е спроведена во затворот Идризово за издржување на 4 годишна затворска казна за случајот ТЕНК. 

Според информации на Сител таа е сместена во карантинското одделение каде што ќе остане 14 дена и до изготвување на нејзиното досие. 

Директорот на затворот Идризово за Сител вели дека ќе бидат земени сите околности во предвид како и безбедносни со оглед дека Јанкуловска доби закани по нејзиниот живот на социјалните мрежи од Станислава Чочоровска. Тој тврди дека во моментов Јанкуловска е безбедна во одделението каде што се наоѓа. 

Освен Јанкуловска, во овој предметот како виновни се прогласени Ѓоко Поповски кој веќе е во извршување на казната затвор и Никола Груевски кој моментално е во бегство во Унгарија, осуден на две години затвор.

 

 

Мирјана Давидовска