Македонија
4. September 2015 - 8:38

Јанкулоски и Салиу во посета на прифатните центри во Гевгелија

Националниот координатор за намалување на ризици од несреќи и катастрофи Живко Јанкулоски и директорката на Центарот за управување со кризи Сузана Салиу денеска ќе ја посетат Општина Гевгелија.

Тие ќе остварат средба со градоначалникот на општината, а потоа сите заедно ќе ги посетат прифатните центри во кои престојуваат мигрантите.