Фудбал
3. November 2017 - 7:29

Јаневски: Игравме подобро од првиот меч во Скопје

 

По новиот пораз на вардарци во ЛЕ, тренерот на црвено-црните Чедомир Јаневски, на прес-конференцијата по натпреварот против Реал Сосиедад му честита на противникот за заслужената победа, потенцирајќи дека и покрај поразот Вардар бил подобар во споредба со првиот меч го шпанската екипа во Скопје го доби со 6-0. 
 
„Реал Сосиедад заслужено победи. Тие се подобри и тоа е очигледно, но мислам дека сега разликата не беше како во Скопје. Ние игравме цврсто во одбраната до првиот примен гол, потоа имаше и грешки, а можам да кажам дека и повторно примивме наивни голови. Сепак, мислам дека имаше подобрување во однос на минатиот натпревар во Скопје“, изјави Чедомир Јаневски на прес – конференцијата по натпреварот.

 

Наредниот предизвик за Вардар во Лигата на Европа е дуел со Зенит во Санкт Петербург, кој се игра на крајот на ноември, поради обврски на репрезентациите.