-->
-->
Јаневска: Се намалува бројот на часови по македонски јазик во основното образование
-->
Денес ве потсетуваме на трагикомичната реформа на Мила Царовска за основно образование, наречена Концепција. Министерот Јетон Шаќири и покрај неприфаќањето на Концепцијата од најрелевантните институции и широката наставничка јавност упорно решил да ја спроведува. Во врска со тоа СДСМ и нивните коалициони партнери направија нов катастрофален потег. Тивко и подмолно забиваат нож во грб, како што им доликува на предавниците кои за жал, отсекогаш ги имало на ова поднебје низ историјата.
Ја информираме македонската јавност дека на 12 јули, додека народот се противи на францускиот предлог и додека траат масовните протести на улиците, токму поради јасните последици по македонскиот идентитет, министерот за образование и наука, кадар на ДУИ усвојува нов наставен план за основно образование, со кој изучувањето на македонскиот јазик во второ одделение се намалува од 6 на 5 часови неделно. Ова е само почеток на промените, кои според Концепцијата, ќе се воведат и во другите одделенија, етапно во секоја следна учебна година.
Сега на сите им е јасно зошто толку оспоруваната концепција требаше да биде прифатена, а и спроведена. Ненародната власт на СДСМ и ДУИ, прави силни напори да се додвори на Бугарија и презема активности што секако, одат на штета на Македонците и македонскиот идентитет.
Дали премиерот Ковачевски како Македонец со бетониран идентитет чувствува некаква грижа и болка тоа што идните поколенија, освен што ќе треба да изучуваат изобличена и неточна историја напишана во учебниците по мерка на Бугарија, ќе имаат и помалку часови да му се посветат на својот мајчин јазик?
Како со овој потег се заштитува македонскиот идентитет и ќе се јакне македонскиот јазик со кој толку многу се фалат дека е безбеден? Одговорот е никако. Одамна е јасна намерата на оваа власт.
Но, верувајте дека за ова и сите досегашни предавства и злодела, најпрво ќе им пресуди народот, а потоа ќе си одговараат пред институциите на системот како што и доликува.
Весна Јаневска, претседател на Комисијата за обрзование и наука на ВМРО-ДПМНЕ
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Бојан Трајковски, Асоцијација на специјализанти и млади лекари
-
Грета Тунберг на протест за Дошница
-
Преглед на вестите од светот
-
Цела недела топлотен бран – од утре мало разладување
-
Спречен обид за подметнување пожар на Водно, гори на шест локации во Македонија
-
62 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
-
Иницијативата за протоколот со Бугарија пред уставните судии по летните одмори