Јаневска: Развиваме нова образовна квалификација - специјалист за мехатроника на камиони и тешки возила
Министерството за образование и наука и Швајцарската развојна организација Хелветас преку регионалната програма RECONOMY, финансирана од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Sida) ќе соработуваат во развојот на нова образовната квалификација - специјалист за мехатроника на камиони и тешки возила, на почетокот како дел од образованието за возрасни, а понатаму како дел од формално стручно образование. Поддршка на целиот процес обезбедува шведската компанија Волво.
Со денешното потпишување на меморандум за соработка помеѓу министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, и менаџерот на програмата, Пауло Родригез, се воспоставува стратешко партнерство кое ќе овозможи воведување на нова, високо-барана квалификација во индустријата за камиони и тешки товарни возила.
Министерството за образование и наука посветено работи на зајакнување на стручното, посебно на дуалното образование како сигурен модел кој продуцира кадри со вештини за кои пазарот на труд има потреба. Ресорната министерка Весна Јаневска, по потпишувањето, нагласи дека посебно е значајно воспоставувањето на партнерство со Волво, како еден од глобалните лидери во иновации и одржливост.
„Очекуваме проектот да резултира со нова наставна програма и наставни материјали, обука на наставници, обезбедување неопходна опрема, како и можности за практична настава“, рече Јаневска, додавајќи дека се видливи резултатите од бројните активности за подигнувањето на квалитетот на стручното образование и обуката.
Бројот на запишани ученици во средното стручно образование од година во година расте. Во последнава учебна година во средните стручни училишта се запишаа 11.753 ученици, во прва година. Дуалното образование е застапено во 62 училишта, а над 550 компании се вклучени во практична настава на овие ученици.
Министерството за образование и наука како висок приоритет го има зголемувањето на квалитетот на стручното образование и неговото прилагодување кон потребите на пазарот на трудот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
По предлог на Вајц, одложено гласањето за предлог-извештајот за напредокот на Македонија
-
ДУИ поднесе интерпелација за претседателот на Уставниот суд
-
ВРЕДИ се уште нема став за една изборна единица
-
Анкетна комисија за Кочани
-
Економскиот раст е добар показател, се бара решение за инфлацијата
-
Договорците во здравството година и половина чекаат решенија – од Здравство тврдат дека постапката е во тек
-
Скопје остана без приватни превозници, тврдат дека ЈСП им должи два и пол милиони евра