Јаневска: Ќе има учебници по сите предмети и во основното и во средното образование
Учебници ќе има за сите ученици во основните и во средните училишта. Најголем дел од нив, 90 проценти се веќе доставени во училиштата додека останатите 10 проценти ќе бидат доставени во првата недела од учебната година, изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска.
Јаневска, која денеска заедно со премиерот Христијан Мицкоски беше во Кавадарци, смета дека темата со тоа дали ќе има или нема да има учебници од оваа година треба да биде затворена.
-Оваа година на големо задоволство на Владата, но на поголемо задоволство на учениците, учителите, наставниците, родителите... ќе има учебници по сите предмети од прво до деветто одделение и од први до четврти клас за сите ученици. Во средното стручно лани имавме стотина печатени, оваа година имаме педесетина печатени нови наслови и дополнително педесетина поставени на веб-страниците за да можат учениците да учат. Јас на оваа тема оваа година би и ставила крај, рече Јаневска.
Учебници ќе има и за странските јазици за сите одделенија.
-Иако во изминатите седум години имаше проблеми со учебници, па не можеа на никој начин да обезбедат странски учебници, странски учебници ќе има по сите јазици за сите ученици. Со волјата, со упорна работа, со макотрпна работа, со еден многу комплициран процес, со нов закон, со ново системско решение, со каталошки цени ние покажавме дека може и оттука натаму од следната година дискусија за имање, немање учебници нема потреба веќе да има затоа што во 21 век да дискутираме дали има или нема учебници е срамота. Срамот не е наш, срамот е на претходните кои го раководеле овој сектор, и на претнходната Влада. Од сега натаму мислам дека ова прашање е затворено, рече Јаневска.
Министерката за образование посочи дека најголем број, односно 90 проценти од учебниците се доставени, а околку 10 проценти ќе се достават во првата недела од учебната година.
-И денеска се доставуваат учебници. Најверојатно ќе има учебници што ќе се достават и во првата недела на учебната година. Меѓутоа тоа е затворено прашање. Секаде ќе стигнат. И во најодалеченото место. И 30 и 50 километри, планински училишта, до сите подрачни училишта, рече Јаневска.
Во понеделник на 1 септември почнува новата учебна година за сите основци и средношколци во земјата.
МИА
Ново на Сител
-
Зеленски: Поканата на Путин значи дека тој не сака средба
-
СВР Тетово го расчисти случајот во кој беа нападнати двајца малолетници
-
Македонските фудбалери поразени од Саудиска Арабија
-
Зеленски: Сите сојузници од Коалицијата на подготвените согласни се дека Русија ги отфрла иницијативите за мир
-
Русија протера естонски дипломат
-
Почина италијанскиот моден дизајнер Џорџо Армани
-
Гаши за утре закажа седница на собраниската Комисија за надзор над работата на АНБ и АР
-
Министерот Тошковски на средба со амбасадорката Агелер: Потврдена силна поддршка од САД за реформите во МВР