Јаневска: Јавната расправа за концепцијата за гимназиско образование ќе трае цела година, системот од 1995 година не дава плод
Младите кои ќе се запишат во гимназиско образование оваа година, за десет отсега ќе треба да знаат вештачка интелигенција, програмирање, математика, физика, но и претприемништво за да се вклучат на пазарот на трудот, а овој систем кој не е променет од 1995 година и не им го овозможува тоа. Затоа се потребни промени и наместо критики, добро е да слушнеме конструктивни сугестии и предлози, истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска на денешната собраниска седница.
Одговарајќи на пратеничко прашање во врска со процесот на усвојување нова концепција за гимназиско образование, Јаневска рече дека веќе е почнато електронското прибирање сугестии, а ако пратениците одлучат, ќе се организира и собраниска расправа.
Според неа, концепцијата ќе им понуди право на избор на учениците.
-Имаме нацрт верзија на концепцијата и почнавме електронско прибирање сугестии. Ќе дискутираме цела година и доколку пратениците одлучат, ќе организираме и собраниска расправа. Но, претходно ќе го слушнеме мислењето на сите засегнати страни, нагласи Јаневска.
Министерката истакна дека сосема го разбира стравот на јавноста од промени, „зашто претходната влада носела одлуки со декрет и за образовни концепти не постоела широка дебата“. Притоа ја посочи како пример Концепцијата за основно образование за која, рече, се организирала само една дебата во Собранието по што и била усвоена, без можности за забелешки.
Ново на Сител
-
Обвинението за пожарот во „Пулс“ чека оценка од судот
-
Трамп го прими Зеленски во Белата куќа
-
Тема на денот со ново избраниот декан на ФИНКИ, Петре Ламески
-
Партиски обвинувања за Еразмус+
-
Предизборни превирања во ДУИ и ВРЕДИ
-
Најмалку два потписа за кандидатура на изборите – експертите предупредуваат на хаос со изборните листи
-
Утре почнува уписот на бруцоши на УКИМ: Како напредува процесот на дигитализација?
-
Вештачката интелигенција „ги изеде“ јуниорските работни места: Како сегашните и идните студенти да се подготват за новата реалност?