Јанева со три барања пред пратениците

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска пред собраниската Комисија за политички систем соопшти три барања кои според неа ќе ја олеснат работата на Обвинителството. Иако најавено, таа во обраќањето не го презентираше шестмесечниот извештај, но кажа дека ќе одговири на сите прашања во врска со него.
Јанева побара измена на Законот за Специјалното јавно обвинителство односно на член 22 и да се пролонгира рокот од 18 месеци за да може до крај да се истражи кој незаконски прислушувал.
Таа исто така повтори дека се потребни измени на Законот за заштита на сведоци, како и имплементација на препораките на Венецијанската комисија. Важен е интересот на граѓаните, рече Јанева. Наведе дека не се плаши да одговори на ниту едно прањање и оти има целосна поддршка од поранешниот премиер Никола Груевски.
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски во реплика постави низа прањања до Јанева, но таа досега не одговори на ниту едно бидејќи пратениците не беа договорени за редоследот на обраќања. Кога Јанева доби можност за одговор рече дека ќе се произнесе на крајот од седницата.
Координаторите на парламентарните групи во меѓувреме до претседателот на Комисијата Влатко Ѓорчев доставија предлог за редослед на обраќања на пратениците. Седницата е прекината на барање на Рафиз Алити од ДУИ.
Ново на Сител
-

Битолчанец возел мопед со 2,23 промили алкохол во крвта
-

Мацинка: Приоритет на Чешка е Северна Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ
-

Четири смртни случаи, 36 потврдени и две веројатни случаи на западнонилска треска во државата
-

Јаневска: Рацете на политиката подалеку од образованието
-

Почнаа уписите на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“, стандардно најголем интерес на Факултетот за медицински науки
-

Мацинка: Чешка сака да се надмине спорот меѓу Скопје и Софија и подготвена е да помогне
-

Аеродром добива второ основно училиште со целосно организирана едносменска настава
-

До среда сончево и многу топло, над 40 степени
