Јанев: Заев дојде со конкретен предлог
Во овој момент имаме прозорец на можности да создадеме клима на доверба и на дијалог меѓу двата братски народи, за политичарите потоа да најдат решение кое нема да биде на штета на националните интереси, заклучија премиерите на Македонија и на Бугарија, Зоран Заев и Стефан Јанев, на заедничка прес-конференција, по денешниот состанок во Софија.
Привремениот бугарски премиер рече дека македонската делегација дошла кај него со конкретен предлог, што ќе биде сериозно разгледан во наредните денови.
„Како соседи, пријатели, братски народи имаме потреба од честа коимуникација и размена на мислења. Со години наназад, политиката на Бугарија е ориентирана кон цврста поддршка на европерспективата на С Македонија, Албанија и на другите земји од Западен Балкан за членство во ЕУ. Делегацијата на Заев дојде со конкретен предлог, што ќе го разгледаме сеопфатно и професионално во наредните денови. Констатиравме дека во моментов имаме прозорец на можности да работиме по нерешените прашања за исполнување на Договорот за добрососедство од 2017 година. Сега ни е приоритет да создадеме атмосфера на доверба, пријателство и на дијалог, што ќе им помогне на нашите експерти и политичари да дојдат до решение. Во рамки на овој дијалог, треба прво да ги решиме меѓусебните проблеми, за да не остават проблеми во европското семејство“, рече Јанев.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Бојан Маричиќ, претседател на ДИК
-

Нема да ја екстрадираме Ива Михаилова, вели бугарскиот министер за внатрешни работи
-

Претреси на 40 локации низ државата, пронајдени дрога, оружје, пари и мачети
-

Брвеница утре избира градоначалник, денеска гласаат болни, изнемоштени и затвореници
-

Специјална Олимпијада: Историски успех на нашите атлети во Малта
-

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри
-

Јабланица чека да биде прогласена за национален парк
-

Стресот и анксиозноста сѐ поприсутни кај младите, стереотипите ги кочат да побараат помош
