Јандроковиќ: Сочувство од Сабор и народот на Хрватска за трагедијата во Кочани
Претседателот на Саборот на Република Хрватска, Гордан Јандроковиќ во телефонски разговор со претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши изразил сочувство до семејствата и блиските на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Како што информираат од Кабинетот на Гаши, Јандроковиќ го пренел сочувството од Саборот и народот на Хрватска за трагедијата во Кочани, изразувајќи подготвеност за помош.
Гаши изразил благодарност за поддршката, вклучително и за помошта при хоспитализацијата на повредените од пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ .
Претседателот на Собранието Гаши деновиве добил писма со сочувство од земјите од регионот и од Европа, вклучително и од претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Теодорос Русопулос, како и од бројни меѓународни организации.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николовски, министер за транспорт и врски
-
Бројката на повредени во трагедијата во Кочани надмина 200 - Во Македонија на лекување се 54 пациенти и се стабилни
-
Од идната недела ќе почне враќањето на дел од повредените на лекување во странство
-
Затворени 2 угостителски објекти, пуштале музика во денови на жалост, контролите продолжуваат
-
Засилени контроли во општините по трагедијата во Кочани
-
Собир на граѓани во Кочани
-
Големиот пожар што избувна доцна попладнето во близина на Струмица е изгаснат
-
Преглед на вестите од светот