Големиот пожар што избувна доцна попладнето во близина на Струмица е изгаснат
Големиот пожар што избувна доцна попладнето во близина на Струмица е изгаснат. Веста ја потврди и командирот на струмичката противпожарна единица Александар Гудев кој информираше дека поголемиот дел од противпожарните единици веќе се повлекуваат, а на терен ќе останат само неколку екипи заедно со полицијата да дежураат и да ја контролираат состојбата. За среќа пламените јазици немаат направено поголема материјална штета, а освен трска и сува трева опожарена и една напуште викенд куќа.
Информацијата за пожарот струмичките пожарникари ја добиле околу 14 часот по што веднаш била испратена екипа на терен. Од силниот ветер и сувата треба огнот почнал брзо да се шири поради што се активирани и останатите екипи од единицата. Со цел побрзо локализирање на огното и заштита објектите кои се наоѓаат во близина побарана е помош и од пожарникарите од Валандово, Гевгелија и Радовиш. Засега не се познати причините поради кои настан огнот, но според првичните и неофицијални инфомации најверојатно се работи за човечки фактор.
-
Зоран Ѓеогриев
Сите содржини од овој новинар