Јана Милкоска и Стефан Цветкоски триумфираа на Илинденскиот пливачки маратон во категоријата до 16 години

Пливачите Јана Милкоска и Стефан Цветкоски се победниците на традиционалниот Илинденски пливачки маратон во категоријата до 16 години што денеска се пливаше во водите на Охридското Езеро.
Тие патеката од Горица до Охрид долга 2,5 километри ја испливаа за 33:35 и 34:17 минути, постигнувајќи подобри резултати од сениорите кои се натпреваруваа во категоријата од 16 години и постари, а стартуваа половина час порано.
Во категоријата пливачи постари од 16 години најдобри беа Симеон Кралевски (24) и Елена Ена Спасовска (19) двајцата до Скопје, со постигнат резултат 39:54 односно 40:02 минути.
На пливачиот маратон организиран од Пливачкиот клуб „Охридски бранови 2008“ пливаа педесеттина пливачи, пријавени самостојно и како членови на повеќе клубови од земјата и странство. Првиот „Мал маратон“ во пливање како што го нарекуваат охриѓани се одржа во 1954 година.
Ново на Сител
-

Тошковски: Безбеден град не е за парично да ги оштети граѓаните туку да спаси живот повеќе, зголемен прагот на толеранција за возачите
-

Лазаров: Со добар план подготвени да ги дочекаме дуелите
-

Казнетата новинарка Вејсели: Срамен преседан е да бидам казнета зашто го објавив името на судијата, во Тетово и Гостивар не е како во Скопје
-

Во куќа во Ѓорче Петров фрлени две запалени стаклени шишиња, повредени нема
-

Во текот на ноќта и утре повремени врнежи од дожд, на планините од снег
-

Мицкоски: Над 45 илјади ваучери за електронски уреди за студенти се подигнати, искористеноста околу 99 проценти
-

Мицкоски: Податоците за индустриското производство се потврда за напорната работа, уште подобри резултати во периодот што следи
-

Акциска контрола на СВР Тетово, одземени ножеви и боксирач од малолетници
