Живот
30. January 2017 - 22:20

Ја загуби ногата во несреќа, сакаше да се самоубие, сега е доволно храбра да позира гола (18+)

Во јуни 2015 Вики Балш ја изгуби ногата во несреќа на ролеркостер. 21 годишната девојка признава дека на почетокот сакала да изврши самоубиство, но сега е решена „да го тестира општеството што се смета за секси“.

– Ќе лажам ако не прознаам дека помислував на самоубиство –  вели Вики за „Sunday People“.

– На почетокот имаше денови кога веќе не сакав да сум тука. Мислев – зошто би живеела кога нема да можам да живеам во потполност или да му се радувам на животот!

viki-2

Но сега таа е доволно самоуверена да ги покаже лузните и да докаже дека и тој што е поинаков може да биде привлечен.

– Не е важно како изгледате. секогаш ќе има некој кој ќе мисли дека сте привлечни – вели младата девојка.

viki-5

Вики беше сериозно повредена кога се случи несреќа со ролеркостер во забавен парк во Стафордшир. На тој ден во јуни 2015, таа и 19 годишнaтa Лea Вашингтон поминаа најлошо – и двете изгубија екстремитети, додека уште 15 лица беа повредени.

Вики вели дека и требало долго време да научи повторно да се сака себеси, особено што пред несреќата била сосема самоуверена, една од најубавите девојки во нејзината средина.

viki-1

– Научив повторно да го сакам своето тело. Никогаш нема да се помирам со тоа што се случи, но научив повторно да го сакам своето тело какво што е. Моите лузни ги нарекувам „лузни од војната“ и ги прифаќам. Повеќе не се плашам да ги покажам – поминав низ пекол и тие тоа го покажуваат – вели Вики.

Со фотогрфаиите направени во Манчестер, каде се гледа дека има ампутирана нога, таа сака да ги инспирира другите со слични несреќи.

viki-4

– Откако ги објавив фотогрфаиите ме контактираше девојка со терминален канцер да ми рече дека мисли дека тоа што го правам е прекрасно. јас не мислам дека можам да се споредам со неа, но среќна сум ако помогнам некому. И да ме исмеваат, тоа нема да ме погоди. Ако тоа што ги покажувам моите лузни му помогне на еден човек, тогаш тоа вреди 1 000 злобни пораки или твитови – вели Вики.

viki-3

Вики се надева дека ќе ја најде вистинската љубов, на „старомоден начин“ во вистинскиот живот, во бар.

– Но некогаш луѓето не знаат како да ми пријдат. А јас сум нормален човек, само што ми недостига половина нога – вели 21 годишната Вики Балш.

viki-7

viki-6