Ја вознемирувал поранешната партнерка и непочитувал судска мерка, уапсен неготинец

Неготинец бил лишен од слобода поради непочитување на судска мерка и вознемирување на поранешна партнерка, информираа денеска од СВР Велес.
- Вчера во 16.00 часот полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода З.М.(42) од Неготино, постапувајќи по претходна пријава од страна на неговата поранешна 37-годишна партнерка од тој град. Според пријавеното, З.М. не го почитувал решението од Основен суд Неготино со мерка забрана за приближување, дошол во нејзиниот дом и по кратка расправија скршил прозорец од домот. З.М. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија од СВР Велес.
Оттаму додадоа дека завчера во 22.00 часот, во ОВР Неготино било пријавено дека на улица „Киро Крстев“ во градот, во дворот од семејната куќа на Ѓ.Т.(43), по кратка расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ѓ.Т. и М.Ј.(32) од Неготино.
Полициски службеници излегле на местото, со двете лица бил извршен службен разговор и по документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Ново на Сител
-

Аналитичарите не гледаат суштински резултат по средбата во Софија, ова е прв чекор во деблокада на процесот
-

Средба Муцунски - Чамова во Софија
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-

Средба Муцунски - Чамова во Софија
-

Родителите на судијата Ристов: Парите во ѕидот се наша заштеда од бостан, пиперки и дињи
-

Три станови гаранција за Груби
-

Втор ребаланс на буџетот: Се кратат приходи и расходи, дефицитот останува ист
-

Привремени договори, трајна несигурност за работниците во јавниот сектор
