Џет-Сет
16. September 2016 - 18:10

Ја пријавил како исчезната, па се шокирал кога ја видел на „Инстаграм“

 
Италијанскиот милијардер, кој мислел дека нешто лошо и се случило на неговата сопруга, останал непријатно изненаден кога ја видел на „Инстаграм“.
Џанлука Червара го пријавил исчезнувањето на поранешната Мис Украина Ана Зајачиваска (24), па преку еден интернет портал кој ги објавил нејзините фотографии, открил дека се наоѓа во Њујорк и дека побегнала од него.
 
Убавицата предизвикала вистинска полициска потрага кога исчезнала, само ден откако на својот профил на „Фејсбук“ објавила дека едвај чека да стане дел до семејството на Џанлука, човекот кој бил нејзино момче, а сега е противник на суд.
 
Двојката веќе била венчана во општината, но планирале и црквена церемонија за своите најблиски.
 
Украинската убавица во јули побегнала во САД, откако на Џанлука му рекла дека ќе излезе малку на воздух да се прошета. Бидејќи подолго време ја немало, Џанлука повикал полиција и почнала потрагата.
 
Меѓутоа, потрагата по убавата Ана прекинала кога на еден портал испливала нејзината фотографија со друг човек во САД. Џанлука веднаш ја тужел својата сопруга гледајќи ги овие фотографии и против неа е покрената постапка поради кршење на предбрачниот договор.
 
Ана тврди дека нејзиниот сопруг ја злоставувал и дека морала да побегне.
 
– Еднаш ме удри во лице и тогаш побегнав кај своите родители во Украина. Не им реков зошто сум дојдена. Џналука набрзо дојде по мене барајќи да му дадам втора шанса. Во текот на една расправија пак ме удри и јас тоа повеќе не можев да го поднесам – рекла Ана.
 
Убавицата вели дека со него била како во златен кафез, имала се, а се и било забрането и затоа и одлучила да побегне.
 
Џанлука тврди дека кога побегнала украла мобилен телефон и 6.000 евра од неговиот сеф.
 
– Делува среќно на фотографиите од Америка. Не ми делува злоставувано и тажно. Дури е во друштво и на друг маж. Таа е лажлива убавица и не е лучност каква што мене ми се претстави – истакнува Џанлука.