„Ја изгубив мојата сопруга, синот и ќерката во авионска несреќа“ - словачки политичар остана без целото семејство
Меѓу настраданите патници во пад на авионот во Етиопија, во кој загина и српскиот државјанијн Ѓорѓе Вдовиќ, имало патници од вкупно 35 земји.
Меѓу загинатите Французи биле и делегати кои се упатиле кон Најроби на конференција на Обединетите нации за заштита на животната средина, која започнува утре.
Словачкиот пратеник Антон Хрнко соопштил дека во стравичната несреќа му загинало целото семејство - неговата сопруга, синот и ќерката.
„Со најдлабока тага ве известувам дека мојата драга сопруга Бланка, синот Мартин и ќерката Михаела настрадаа утринава вио несреќата кај Адис Абеба“, напишал потпретседателот на Словачката национална партија на својот Фејсбук профил.
Генералниот секретар на Фудбалската асоцијација на Кенија, Хусеин Свале биле меѓу 32. патници од Кенија кои загинале во несреќата.
Ново на Сител
-
Николоски во работна посета на Атина, ќе се разговара за подобро регионално поврзување
-
Рама: Косово мора да ги исполни условите на ЕУ или ќе остане изолирано
-
Реакција на ВМРО-ДПМНЕ
-
Сообраќајниот метеж во Њујорк го натера Макрон да му се јави на Трамп | ВИДЕО
-
Ѓоковиќ се враќа на теренот, го потврди настапот во Шангај
-
У15: Македонските фудбалери поуспешни од Косово
-
Лавров: Киев го издигна неонацизмот на ниво на државна политика
-
„Спејс-Икс“ најверојатно не е подготвена за месечевата мисија со луѓе во 2027 година