Ја искасапил вереницата, и ја испил крвта и ја скалпирал: Син на милионер осуден за најбруталното убиство досега, вака реагираше на пресудата
Синот на калифорнискиот магнат со недвижности е прогласен за виновен за монстуозно убиство на својата вереничка од Украина, со која добил ќерка неколку дена претходно.
Блејк Лејбел, наследникот на милионер, ја мачел и ја унаказил Јана Касијан (30) пред брутално да ја убие во својот апартман во Западен Холивуд. Од нејзе ја извадил целата крв и ја скалпирал.
Обдукијата на нејзиното тело покажа дека десната страна од нејзиното лице, вклучувајќи го и увото се истргнати од бруталното изживување, пред да почине.
Полицијата конечно влезе во неговиот стан во мај 2016 година барајќи ја Јана, кога го пронашле нејзиното голо и унаказено дело, покриено со ќебе. Делови од телото пронашле и во собата, а дел од нејзиниот скалп и увото во канта за ѓубре надвор од куќата.
Меѓутоа, причината за смртта била целосното губење на крвта. Лејбел (37), се обидел да ја запре полицијата така што ја блокирал вратата. Во текот на судењето, патолозите рекоа дека монструозното убиство претставува преседан по прашањето на бруталоста на чинот.
На поротата и се прикажани фотографии од местото на злосторството, како и слики од новелата „Синдром“ во чија изработка учествувал и Лејбел. Во книгата, научникот бара начин да ги излечи луѓето од зло. На една слика на кревет лежи гола жена, без глава.
-Ако сакаш да ги повредуваш работите, што би направил. На крајот сите стануваме чудовишта, наведено е во книгата. Според мислењето на истражителите, Лејбел имитирал делови од книгата при убиството на вереницата.
-Умре споро и болно. Ги фрлал деловите од својата вереница како да се ѓубре. Мајката на своето тукушто родено бебе, рече обвинителот.
Лејбел сепак се изјасни дека не е виновен за убиство и мачење. Кога поротата му ја изрекуваше пресудата во средата, мајката на Јана, Олга, почна да плаче, додека Лејбел незаинтересирано гледал и не мрдал.
Казната ќе му биде изречена на 26.јуни, а се соочува и со доживотна казна затвор без право на условна казна. Иако соочен со смртна казна, окружното обвинителство на Лос Анџелес се определи да не ја побара.
Неговиот татко Лорн, кој ќе биде запаметен како еден од најголемите градители на Канада, во 1976 година пловеше за националиот тим на Олимпијата, а се тркал и со чамци и со автомобили.
Ново на Сител
-
Притворот му бил укинат, па бил пратен во поправен дом - ОЈО се огласи за претходните дела на возачот
-
ОЈО бара притвор - Возачот кој ја усмртил Фросина немал дозвола, бил под дејство на алкохол и поминал на црвено
-
Средба на Сиљановска-Давкова со актуелни и поранешни членови на Комисијата за помилување: Неопходна е деполитизирана и департизирана постапка за помилување
-
Трамп: Воениот хеликоптер бил во „исклучително лоша“ позиција
-
Два автобуса со ослободени палестински затвореници стигнаа во Рамала
-
Србија: Пензионерите најавија протестна прошетка во поддршка на студентите на 5 февруари
-
Мицкоски: Прифаќаме минимална плата која ќе ja договорат работодавачите и работниците
-
Над 4.400 Романци во САД се соочуваат со депортација, за над 1.300 веќе се издадени решенија