-->
-->
Ја фатил за рака и почнал да ја допира - манијак нападна жена кај Влахов
-->
Манијак пресретнал жена во близина на средното училиште Димитар Влахов, па почнал да ја допира по телото. Како што информираат од полицијата, вчера околу 16.15 часот, во Секторот за внатрешни работи Скопје Е.Д.Г. (36) од Скопје пријавила дека истиот ден во близина на средното училиште “Димитар Влахов“ додека ја преминувала железничката пруга, односно минувајќи низ поставен вагон од патнички воз, непознато лице (на возраст од 40 до 50 години) ја фатило за рака, ја повлекло кон себе и почнало да ја допира по телото. Кога Е.Д.Г. здогледала друго лице-случаен минувач, почнала да вика и да бара помош, по што лицето избегало.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
2023 сообраќајни прекршоци изминатите три дена, 362 за брзо возење
-
Во Велес синоќа се запали куќа од удар на гром, повредени нема
-
Манчестер јунајтед претрпе 20 порази во една сезона за прв пат по 50 години
-
Вардар го освои Купот на Македонија
-
Каја Калас: Враќање на Западниот Балкан
-
Може ли финско-руската граница да биде следната зона на конфликт по војната во Украина?
-
Опожарено „БМВ“ во движење во близина на граничниот премин Табановце
-
УКИМ одбележува 76 години од основањето