Извртен камион го затвори автопатот од Демир Капија до Смоквица
Камион што се излизгал а потоа и се извртел на автопатот „Пријателство“, на делницата од Демир Капија до Смоквица, целосно го прекина сообраќајот на овој патен правец од 15:50 часот, а возилата се пренасочуваат по стариот пат.
Веста за МИА ја потврди Виктор Паласкаров, раководител на Секција Гевгелија при ЈП „Македонија пат“.
Соред него, сообраќајот е прекинат кај местото Јаворица во близина на тунелите кај Демир Капија и надлежните органи преземаат мерки за извлекување на извртениот камион, а дотогаш сообраќајот ќе се одвива по стариот пат.
Инаку, сообраќајот на овој патен правец во обратна насока од Смоквица кон Демир Капија се одвива без проблеми во зимски услови, а „Македонија пат“ со целокупната расположива механизација и работна сила е вклучена во расчистување на патиштата во овој дел на државата.
Ново на Сител
-
БНД: Коронавирусот потекнува од лабораторија во Вухан
-
Приведен 74-годишен маж од Скопје, бил агресивен кон полицајци
-
Канада најави царини за одредени американски производи
-
Бербок: Резултатите од преговорите на Украина и САД би можеле да бидат важна пресвртница за траен мир и безбедност
-
Тепачка помеѓу лекари во операциона сала во Штип
-
Сиљановска Давкова: Ќе ни значи многу договор за соработка со Азербејџан, очекувањата се големи
-
Совет на ЈО: Со вчерашниот оглас на Судски совет не се почитуваат проекциите за 8-та генерации на Академијата за судии и јавни обвинители
-
Поставен камен-темелник на македонско-грчкиот граничен премин „Маркова нога“