Ниту обвинителството ниту судот немаат против Јахоски да се брани од слобода
Имал малолетни деца, нарушено здравје и изградени силни врски со државата. Тоа се причините поради кои ниту судот ниту Обвинителството немале ништо против синот на пратеникот на ДУИ, осомничен за перење пари во аферата Мазут истрагата да ја следи од дома.
Од обвинителството велат дека барале притвор но биле одбиени
„Судијата на претходна постапка не прифаќајќи го предлогот на обвинителството одлучил на осомничениот да му изрече мерка куќен притвор, а воедно оценил дека се исполнети условите да му биде изречена и мерка на претпазливост – одземање на патна исправа и забрана за издавање на нова патна исправа.“ – се вели во соопштението на обвинителството од каде до овој момент се уште нема информации дека поднеле жалба.
Од Судот во соопштение вчера објавија дека јавниот обвинител се согласил осомничен за милионски криминал да истрагата да ја следи дома
„Во однос на осомничениот А.Ј., по произнесување на осомничениот пред судија на претходна постапка Јавниот обвинител се согласи за промена на предлогот за определување мерка притвор со предлог за определување на мерка куќен притвор, што беше прифатено од Судијата на претходна постапка.“ – објави вчера кривичниот суд.
Премиерот вели дека не сака да коментира судски одлуки но рече дека е шокиран од однесувањето на шефот на обвинителството
Обвинителството вчера отвори истрага против 13 лица и една фирма кои ги товари за серија кривични дела како злоупотреби и перење пари при набавка на мазут со сомнителен квалитет за државните електрани. Провоосмничен е Ратко Капушевски кој од вчера е во истражниот затвор Шутка заедно со неговиот партнер Сулкоски и екс директорот на ЕСМ Адријан Муча. Останатите 8 лица се во куќен притвор. Екс директорот на ЕСМ Васко Ковачевски се уште е во бегство.
-
Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар