Извршен вонреден инспекциски надзор во градинката „Буба Мара“ во Ново Лисиче
Министерството за труд и социјална политика го заврши вонредниот инспекциски надзор во градинката „Буба Мара“ во Ново Лисиче, направен вчера, по писмен допис на родител. При надзорот, освен што се земени писмени изјави од директорот, психологот и педагогот, МТСП го задолжи раководството на градинката во најкраток можен рок да го расветли случајот.
Министерството за труд и социјална политика во денешното соопштение наведува дека посветено работи на подобрување на условите во детската заштита и доколку се потврди веродостојноста на случката, сите одговорни ќе бидат веднаш санкционирани.
- МТСП нема да толерира какво било несоодветно однесување со децата во градинките, затоа што секое дете ни е важно. Во интерес на правилно известување, МТСП ги упатува медиумите да бидат во комуникација со раководството на градинката „Буба Мара“, кое веќе работи на преиспитување на целиот случај. Исто така раководството е во постојана комуникација со родителите на децата со кои за попладнeво е закажана родителска средба, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
Вонредниот надзор во градинката „Буба Мара“ беше спроведен откако во Министерството за труд и социјална политика (МТСП) родител на дете кое ја посетува градинката испратил писмо во кое тврди дека негувателките несоодветно и дрско се однесувале со децата.
Ново на Сител
-
Православните христијани денеска го празнуваат Божиќ
-
Честитки од политичарите за Божиќ
-
Сиљановска и Мицкоски на иста линија - Законот за заштита на децата ќе се усогласи со Уставот
-
Мицкоски: Добро е да има стабилна влада во Бугарија
-
Македонија меѓу 5-те најброзрастечки економии во Европа
-
Отровен Божиќ за скопјани - Прв загаден град во Европа, трет во светот
-
Божиќен ручек во Прилеп по 19-ти пат
-
Преглед на вестите од светот