Извозот од Турција во Катар зголемен трипати
Извозот од Турција во Катар, во вкупна вредност од 29 милиони евра, сега е трипати поголем од вообичаеното ниво, откако четири арапски држави ги прекинаа дипломатските односи со емиратот, изјави турскиот министер за трговија и царина, Булент Туфенкчи.

Претходно, на 5 јуни Саудиска Арабија, Египет, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин ги прекинаа врските со Катар поради сомненија дека поддржува терористички групи. Турција пак, во овој случај ја поддржа Доха во овој спор, но истовремено внимавајќи да не застане против свои сојузници, како што е Саудиска Арабија.
Од 5 јуни извозот кон Катар изнесува 32,5 милиони долари, од кои 12,5 милиони долари се во храна, прецизираше Туфенкчи.
Турција за овие две недели испратила над сто товарни авиони со достава кон Катар, но не е економски исплатливо храната да биде испраќана по воздушен пат. Затоа, Турција започна и со достава на прехранбени производи за Катар со бродови или по копно, изјави турскиот министер за економија, Нихат Зејбекчи. Освен храна, Турција извезува и електрични уреди и стока за домаќинствата.
Првиот турски брод со 4.000 тони прехранбени продукти, отплови вчера од пристаништето во Измир.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Орце Симов, претседател на ИКТ комората
-

Пожарот стигна до куќите во Куклиш
-

Тутунарите бараат осигурување со договорот
-

Нема труење во Тетово - цревните инфекции доминираат во педијатриските оддели
-

Владата бара Китановиќ да го повлече ставот за Младиќ или да си поднесе оставка
-

СДСМ бара транспарентност за дата-центрите, ВМРО-ДПМНЕ уверува дека носат развој
-

„Градски воз“: За 25 минути од Зелениково до Железничка - едносмерен билет 40, повратен 70 денари
-

Успешна туристичка сезона во Дојран
