Извозот на Еврозоната во декември 20202 порасна првпат после 10 месеци
Извозот на стоки во еврозоната се зголеми за 2,3 проценти на годишно ниво во декември на 190,7 милијарди евра, и тоа е прво зголемување од февруари 2020 година, покажуваат прелиминарни податоци на Евростат.Увозот на стоки во еврозоната од остатокот од светот изнесува 161,5 милијарди евра, што претставува пад од 1,3 проценти во споредба со декември 2019 година.
Блокот од 19 држави забележа трговски суфицит со светот од 29,2 милијарди евра во декември, за разлика од 22,6 милијарди евра истиот месец претходната година.Декември исто така забележа раст на трговијата меѓу земјите-членки кои имаат заедничка валута од 0,9 проценти, на 148,7 милијарди евра годишно.
Во цела 2020 година, извозот на стоки од еврозоната се намали за 9,2 проценти во споредба со претходната година, на 2,13 билиони евра, додека увозот е намален за 10,8 проценти, на 1,89 трилиони.
Што се однесува до Европската унија, првите проценки на Евростат покажуваат дека во декември биле извезени стоки во вредност од 174,9 милијарди евра или 1,5 процент повеќе отколку во истиот месец во 2019 година. Во исто време, увозот изнесува 144,8 милијарди евра, што е за 3,6 проценти помалку отколку во декември претходната година. Суфицитот се зголеми на 30,1 милијарди евра од 22,1 милијарди евра во декември 2019 година.
Трговската размена во рамките на ЕУ порасна за 3,8 проценти на годишно ниво, на 235,1 милијарди евра во декември 2020 година.
Во периодот јануари-декември минатата година, извозот на ЕУ падна на 1,93 билиони евра или 9,4 проценти од претходната година, а увозот падна за 11,6 проценти на 1,71 билион евра.
Ново на Сител
-

Во Калишта пронајдена неексплодирана артилериска граната
-

Тешка сообраќајна несреќа на ул.„Борис Трајковски“, едно лице загинато, а три лица се здобиле со тешки повреди
-

Тешко повредени две малолетнички, паднале од електричен тротинет
-

Анкета: Повеќето Германци би поддржале воведување задолжителна воена служба
-

Вучиќ на седница на српската Влада: Решение за НИС мора да има за седум денови
-

Канаѓанка ја тужи ЦИА поради „тајни експерименти“ во болница
-

УХМР најавува нестабилно време, од вторник дожд и силен ветер
-

Сиљановска-Давкова на свечената академија по повод 100 години „Љуботен“: Во предметот Физичко образование да вклучиме и планинарење
