Извозниците на нафта не договија намалување на производството на енергенсот

Лидерите на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) заедно со претставниците на Русија и на други држави производители на енергенсот, на денешната средба до Виена не постигнаа договор за намалување на дневното производство на „црното злато“, чија цел е зголемување на неговата цена на светските берзи.
По завршувањето на состанокот, како што јави ТАСС, азербејџанскиот министер за енергија Натик Алиев изјави дека на заседанието било договорено на 25 и 26 ноември да се одржи средба на експертската група за преговори за намалување на производството на нафта.
- Задоволен сум од денешната средба. Резултаите се охрабрувачки, изјави кусо Алиев, додавајќи дека било договорено да се одржуваат редовни состаноци во зависност од движењета и промените на нафтениот пазар.
На денешната средба се разговараше за планот за сведување на дневното производство на нафта на ниво од 32,5 до 33 милиони барали, но не беше постигнат конечен договор поради противење на некои од државите производители на енегренсот.
Уште пред почетокот на средбата во Виена, Иран најави дека нема да го намали своето производство на нафта, во обид да се справи со последиците од неколкугодишното нафтено ембраго, кое му беше укинато во јануари годинава по договорот за иранската нуклеарна програма.
Ирак, исто така, соопшти дека нема да се согласи на намалување на нафтеното производство, правдајќи ја ваквата своја одлука со фактот дела земјата „води војна против џихадистичката група Исламска држава (ИД)“.
Казахстанскиот министер за енергија Магзум Мирзагаливе денеска во Виена изјави дека ниту Казахстан не е подготвен да се приклучи кон евентуален договор за намалување на производствоот на нафта.
На стартот на денешната средба во Виена генералниот секретар на ОПЕК, Мохамед Баркиндо оцени дека обидите за ребалансирање на производството на нафта траат веќе премногу долго и дека земјите производители повеќе „не можат да го прифатат ризикот и натаму да се занимаваат со минимални корекции“.
Претставниците на руската делегација пред почетокот на средбата одбија да дадат каков било коментар, но аналитичарите проценуваа дека Москва нејверојатно ќе се согласи на намалување на дневното производството на нафта, имајќи пред вид дека неодамна тоа го најави и претседателот на Русија, Владимир Путин.
Приклучувањето на Русија кон евентуалната одлука на ОПЕК за намалување на експлоатацијата на нафта, е од клучно значаење, од причина што земјата е најголем светски производител на енергенсот по Саудиска Арабија, која веќе почна да ги чувствува последиците од ниската цена на „црното злато“.
Ново на Сител
-

Зеленски: На состанокот со Трамп нагласена потребата од зајакнување на украинската ПВО
-

Европскиот парламент го критикува Зеленски поради спорот со Полска
-

Руте: Самитот на НАТО во Анкара беше „исклучително успешен“
-

Кремљ го поздрави укинувањето на суспензијата на Рускиот олимписки комитет
-

Приведен 40 годишник од Пробиштип кој со закани изнудил пари од 18-годишна девојка
-

СЗО предупреди дека случаите на рак на глобално ниво би можеле речиси да се удвојат до 2050 година
-

Кос, Јаневска и Сали во увид на реконструкцијата на студентскиот дом „Стив Наумов“
-

Три случаи на семејно насилство во Штип, Свети Николе и Македонска Каменица
