Извлечено живо бебе од гроб три дена откако мајката го оставила да умре плашејќи се од своите родители
Девојката го оставила своето бебе во импровизиран гроб во близина на фабрика во градот Падок во Јужна Африка. Таа подоцна ѝ изјавила на полицијата дека го оставила своето бебе бидејќи била исплашена дека нејзините родители нема да ѝ доволат да има второ дете.
Бебе било извлечено живо од плиткиот "гроб" после три дена откако мајка му го оставила таму да умре. Девојката го оставила своето бебе во импровизиран гроб во близина на фабрика во градот Падок во Јужна Африка. Таа подоцна ѝ изјавила на полицијата дека го оставила своето бебе бидејќи била исплашена дека нејзините родители нема да ѝ доволат да има второ дете.
Нејзините колеги го нашле момченцето покриено со песок под дрва која таа ги земала од фабриката.
25-годишната девојка во полиција го признала тоа што го направила. Шефот на полицијата, Џералд Мфека изјавил: "На сослушувањето, мајката призна дека бебето е нејзино. Нејзиното образложение е дека таа се плашела од своите родители. Ова било нејзино второ дете, а првото има четири години, па таа била исплашена дека нејзините родители нема да ѝ одобрат уште едно дете.
Инаку бебето е сместено на интензивна нега во регионалната болница Port Shepstone. Неговата мајка наводно исто така е сместена тука, но не е јасно зошто.
Не се знае дали таа ќе се соочи со обвиненија или ќе биде повторно споена со своето бебе.
Ново на Сител
-
Претседателката на Судски совет, Весна Дамева, си поднесе неотповиклива оставка
-
Запален објект и три автомобили во Куманово,албанската опозиција ја повика меѓународната заедница да реагира
-
Верските лидери со заеднички апел до граѓаните за смиреност и соживот
-
Не само во Челопек министерката Јанева најави вонредни инспекции и во други училишта каде деца носеле симболи на УЧК
-
Струјата нема да поскапи повеќе од 1%, еден час плус дневна евтина тарифа засега ќе нема
-
Словенија бара 5.000 работници од Македонија
-
Постапка за Екс директор
-
Респираторните инфекции ги полнат педијатриските амбуланти и клиниките!