-->
-->
Извлечени телата на двајцата патници во едрилица што се урна во близина на грчкиот остров Крит
-->
Со помош на нуркачи биле извлечени телата на двајцата патници во воздухопловната едрилица што попладнево се урна во морскиот дел северозападно од грчкиот остров Крит, објавија медиумите во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Според истите информации, станува збор за двајца мажи, пилот и сопатник, чии тела биле преземени од брод на крајбрежната служба и пренесени на копно, од каде што биле префрлени во болница.
Причините за падот на воздухопловната едрилица засега се непознати, а во спасувачката акција на крајбрежната служба на Грција учествуваа брод и возило на службата, хеликоптер на военото воздухопловство, два крузери и два рибарски чамци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Коалиционите партнери ги следат случувањата во „ВРЕДИ“
-
Еден месец по трагедијата во Кочани
-
Тема на денот со Ивона Тодорова од Support Kocani
-
Хуманитарен натпревар помеѓу Вардар и Црвена Звезда
-
Таравари надвор од игра – од ВРЕДИ тврдат сам се исклучил од коалицијата
-
Преглед на вестите од светот
-
Еден месец од трагедијата во Кочани
-
Под истрага десет полициски службеници за пожарот во кочанската дискотека