Извештај за 1во државно кикбокс првенство 2022 за сите возрасти во категории (татами - кик лајт, ринг - лоу кик и к1)

Сакаме да Ве известиме дека на ден 06.02.2022 година (недела) во спортската сала на А1 Националната Арена Борис Трајковски во Скопје – голема сала, во организација на Кикбокс Маитаи федерација на Македонија (КМФМ) се одржа 1то Национално кик бокс првенство за 2022 година за сите возрасти во категории (татами – кик лајт, ринг– лоу кик и К1) .

На првенството учествуваа 246 натпреварувачи од вкупно 27 кикбокс клубови од целата држава.

Натпреварувањата се одвиваа на еден ринг и четири татами борилишта.

Натпреварувањето се одвиваше во одлична спортска атмосфера и одлична организација од страна на КМФМ.

Во склоп на првенството се одржа и подготвителен судиски семинар за судиите на татами и ринг и тренерски семинар.

Допонително, во паузата помеѓу мерењето и почетокот на натпреварите во периодот од 10:00-11:50 во прес центарот на салата се одржа и Редовно собрание на КМФМ за 2020 година.

Реализацијата на овој масовен натпревар беше потпомогната од страна на Агенцијата за млади и спорт на РМ, како и неколку домашни компании од приватниот сектор.


Со своето присуство натпреварот го збогати и претседателот на Олимписки комитет на РСМ господинот Даниел Димески, кој имаше конструктивен разговор со претседателот на КМФМ Митровски за иднината и перспективата на кикбоксот во олимпиското семејство на спортовите.

Најуспешен кикбокс клуб е КБК Шампион од Скопје со освоени 23 златни, 7 сребрени и 9 бронзени медали и истиот воедно е и најмногуброен клуб на натпреварот, за што беше награден со златен пехар, а втор по успех клуб е КБК Гладијатор од Скопје со освоени 14 златни, 12 сребрени и 4 бронзени медали, за што беше награден со сребрен пехар.

Претседателот Митровски им се заблагодарува на техничкиот и организацискиот тим, на судиите на натпреварот и на сите тренери на клубовите учесници за заедничкиот придонес што резултираше со врвно организирано, успешно и масовно првенство. Тој истакна дека „од година во година Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија и покрај кризата со пандемијата е во континуран пораст и зголемување на бројот на натпреварувачи и клубови членки на федерацијата. За среќа, кикбоксот е најатрактивен и најпривлечен за младата популација и е еден од најмасовните и најсакани боречки спортови во државата; што е светла точка за иднината на нашиот спорт и федерација“.

Ново на Сител
-

Турчин во Скопје со возило удрил во контејнер, па во друго возило, и пробал да избега од полицијата
-

Лавров: Русија и САД го продолжуваат билатералниот дијалог, но не со посакуваното темпо
-

38-годишник од Скопје со возило удрил во полицаец и го повредил
-

За два дена, во Скопје приведени 10 лица кои поседувале дрога, најмладиот има 14 години
-

Јаневска: Учебниците се решен проблем, има систем и следната година нема да „прогледуваме низ прсти“
-

Кривична за лице од дебарско, вршел такси превоз без лиценца
-

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами
-

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица
