Извештај: Пјонгјанг веројатно развил нуклеарни уреди што одговараат за балистички ракети
Северна Кореја ја продолжува со својата програма за развој на нуклеарно оружје, а неколку држави веруваат дека „веројатно развиле минијатурни нуклеарни уреди што можат да се вметнат во боеви глави на балистички ракети“, се наведува во доверлив извештај на ОН.
Тие држави што не се споменети во извештајот, веруваат дека претходните шест севернокорејски нуклеарни тестови му помогнале на Пјонгјанг да развие минимални нуклеарни уреди.
Пјонгјанг не извршил нуклеарен тест од септември 2017 година.
Извештајот на независните експерти кои ги следат санкциите на САД, беше поднесен до Советот за безбедност на ОН.
„Демократската народна Република Кореја ја продолжува својата нуклеарна програма, вклучително и производство на високо збогатен ураниум и изградба на експериментален реактор за лесна вода. Една земја-членка проценува дека Пјонгјанг продолжува да произведува нуклеарно оружје“, се вели во извештајот.
Ново на Сител
-
Потребни се итни мерки за заштита на охридскиот регион
-
Учениците знаат за селекција, но немаат услови за примена
-
Преглед на вестите од светот
-
Нова анкета за довербата во правосудството?
-
Тема на денот со Жана Базби, бизнис психолог и психотерапевт (Лондон)
-
Битoлски хирург фатен како прима поткуп по направена операција на жолчка
-
Мицкоски најави ригорозни контроли во маркетите
-
Според СДСМ задолжени се следните три поколенија, премиерот очекува унгарскиот кредит да го раздвижи стопанството