Извештај: Новиот ирански врховен лидер Моџтаба Хаменеи во тешка состојба во Ком

Новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, е на лекување во градот Ком и, според информации на американското и израелското разузнавање, „не е способен да ја води државата“.
Според документот на разузнувачките служби лиферуван меѓу сојузниците во Заливот во кој увид имал лондонски „Тајмс“, Хамнеи е во тешка здравствена состојба и во бесознание, по воздушните напади во кои беше убиен неговиот татко, долгогодишниот врховен лидер Али Хамнеи.
Според наводите од разузнавањето, помладиот Хамнеи не учествува во донесувањето клучни одлуки во државата, додека траат подготовките за погребот на неговиот татко. Разузнавачките служби, како што се наведува, забележале и активности за изградба на голем мавзолеј во Ком со повеќе гробници што би може да укажува на планови таму да бидат погребани повеќе лица на исто семејство.
Иранските власти претходно потврдија дека Моџтаба Хамнеи бил ранет во истиот напад, во кој, според извештаите, загинале и неговата мајка и сопруга. Тој не е појавен во јавноста од почетокот на конфликтот, иако во март беше избран за наследник на функцијата на неговиот татко.
Во меѓувреме, иранската државна телевизија емитуваше писмени изјави што му се припишуваат, како и видео генерирано со вештачка интелигенција, на кое наводно се гледа како анализира мапа на израелскиот нуклеарен објект во Димона.
Информациите на разузнавањето дополнително ги поттикнаа шпекулациите дека вистинската контрола врз државата би можела да ја има Исламската револуционерна гарда, додека Хаменеи формално би останал на функцијата.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека Вашингтон води разговори со други ирански претставници, но не и со врховниот лидер.
Иранските медиуми наведуваат дека погребот на Али Хамнеи би можел да се одржи во неговиот роден град Машхад, еден од најголемите шиитски верски центри, додека јавна комеморација се очекува да биде одржана во Техеран. Датумот се уште не е објавен.
Утре истекуваат 40 дена од неговата смрт на 28 февруари, со што завршува традиционалниот период на жалост кај шиитските муслимани.
Ново на Сител
-

Европските реки се сушат: Има ли ризик за македонската струја?
-

Пеколни горештини во земјата – Избегнете ги здравствените ризици
-

СДСМ бара одговорност за водата во Гостивар, ВМРО-ДПМНЕ обвинува - Филипче со години молчеше за небезбедна вода
-

Нови обвинувања за францускиот предлог
-

Готов е извештајот за 19-годишната родилка која остана неподвижна по царски рез
-

Новиот директор на ФЗО Златко Перински бара начини како да се спречи злоупотребата на долгите боледувања
-

Државата бара 41 милион евра преку издавање обврзници, опозицијата обвинува - Буџетот е празен
-

Сител зад сцената: На генерална проба на музичко-сценскиот перформанс за 35 години независна Македонија
