Изведба на операта „Евгениј Онегин“ во хуманитарни цели
Во Македонската опера и балет, утревечер ќе биде изведена оперската претстава „Евгениј Онегин“ од Петар Илич Чајковски, а собраните средства ќе бидат наменети за Здружението на деца со оштетен вид при Центарот за лица со оштетен вид.
Акцијата, како што соопшти МОБ, е со цел создавање музичка аудиотека, а ќе биде насочена и за купување музички инструменти за лица со оштетен вид.
Со „Евгениј Онегин“ беа отворени овогодинешните Мајски оперски вечери, а претставата имаше одличен одѕив кај публиката и кај стручната критика.
Диригент ќа биде Иван Еминовиќ, режијата е на Дејан Пројковски, сценограф е Валентин Светозарев, костимограф Марија Пупучевска, а кореограф Олга Панго.
Во насловнмата улога настапува гостинот од Украина, Александар Малишко, а дел од екипата се и: Марика Поповиќ (Ларина), Сандра Митровска (Татјана), Николина Јаневска (Олга), Елена Тасевска (Филипјевна), Дарко Нешовски (Ленски), Владимир Саздовски (Кнез Гремин), Диме Петров (Капетан) и Борко Биџовски (Зарецки).
Цената на билетот за хуманитарната претстава изнесува 200 денари, а ќе биде изведенасо почеток од 20 часот.
Ново на Сител
-
САД: Земјите кои не возвратија на царините ќе бидат наградени
-
Трамп ги зголемува царините за Кина на 125 отсто, но најавува 90-дневна пауза за останатите земји
-
Дортмунд подготвува нов договор за Ковач
-
Ердоган ја обвини главната опозициска партија за „фашизам“
-
Вучиќ за утврдување одговорност за посетата на повредените од Кочани: Никој не ме пушти, сам си влегов, и што сега?
-
Директори злоупотребиле службена положба и ги оштетиле буџетите на две беровски училишта за вкупно 1.171.000 денари
-
Трендафилов: Владата не е против зголемување на минималната плата, туку останатите два синдиката
-
Изградбата на втората фаза во Затвор Идризово се очекува да започне до крајот на годинава, најави Пандов