„Извадете ги вратоврските за да штедиме струја“ - шпанскиот премиер со повик до функционерите
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска ги повика владините службеници и вработените во приватниот сектор во Шпанија да ја намалат потрошувачката на електрична енергија со тоа што нема да носат вратоврски.
-Би сакал да забележите дека не носам вратоврска. Тоа значи дека сите можеме да заштедиме струја, рече Санчез на прес-конференција, на која го презентираше извештајот за работата на владата.
Тој ги повика министрите и владините претставници „да не носат вратоврска, ако тоа не е потребно”, но не објасни како со тоа се заштедува струја, но веројатно поради тоа што при топло време во затворен простор лицето се чувствува поудобно без вратоврска и помала е потребата од употреба на клима уредите.
Шпанскиот премиер на конференцијата дојде без вратоврска, во бела кошула и сино палто.
Повеќе од еден месец времето во Шпанија е многу топло. Во некои делови од земјата температурата на воздухот надмина 40 степени, а надлежните апелираа граѓаните да не користат климатизери повеќе од потребното, за да се намала трошоците за снабдување со електрична енергија.
Минатиот месец Шпанија одобри пакет економска помош во вредност од над девет милијарди евра. Пакетот вклучува и намалување на данокот на трошоците за користење струја и еднократна исплата од 200 евра за лицата со ниски примања.
Ново на Сител
-
По речиси еден век целосно обновен противпожарниот дом во Радовиш
-
Нови инвестиции
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ бара итна седница на Комисијата за надзор врз АНБ и Агенцијата за разузнавање
-
Реџепи не закажува седница на Комисијата за надзор врз АНБ и АР – Нема безбедносен сертификат
-
Кучињата скитници и понатаму горлив проблем за локалните власти и граѓаните
-
Преглед на вестите од светот
-
Протест на жителите на Аеродром против депонијата Вардариште