-->
-->
Изречени 241 санкциja за брзо возење
-->
Казнети се 241 возач во акциска контрола спроведена вчера на територијата на државата за санкционирање на возила со кои се движат со брзина поголема од дозволената.
Од нив, како што известуваат денеска МВР, седумнаесет возила се движеле со брзина над педесет километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над седумдесет километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 111 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 130 надвор од населено место.
-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, велат од МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вонреден состанок на управувачкиот комитет за кризи поради пожарот во Трубарево
-
Тема на денот со доктор Злате Мехмедовиќ
-
Голем пожар во Трубарево
-
Граѓани на “Водно” бараат спас од загадувањето од депониите
-
На полноќ истекува рокот во ДИК за поднесување кандидатски листи
-
Владата планира целосно автопатско решение на Прилеп со изградба на автопат од Прилеп до Фариш преку Плетвар
-
Македонската текстилна индустрија во „Слободен пад“
-
Забрзано исчезнуваат големи количини вода од Преспанското езеро