Израелските сили потврдија 200 ноќни воздушни напади врз цели на Хамас

Израелските одбранбени сили (ИД) денеска соопштија дека во текот на ноќта извршиле воздушни напади врз околу 200 цели на Хамас во Појасот Газа, наведувајќи дека и израелските копнени сили ги продолжуваат своите операции во оваа палестинска енклава.
Во соопштението, ИД наведува дека бригадата Негев ја уништила инфраструктурата на Хамас во училиште во Беит Ханун во северниот дел на Газа, што оперативците на Хамас го користеле за да ги нападнат израелските војници, пренесува Тајмс оф Израел.
Во училишниот комплекс војниците пронашле различно оружје и два влеза во тунели, од кои на едниот била поставена експлозивна направа.
ИД соопшти дека во текот на ноќта израелските копнени сили уништиле возила со ракети и минофрлачи за оперативците на Хамас, позиции за лансирање противтенковски ракети, групи оперативци на Хамас и блиски складишта за оружје. Во соопштението се наведува и дека израелската морнарица извршила напади и во текот на ноќта, гаѓајќи ги набљудувачките пунктови на Хамас и друга инфраструктура долж брегот на Газа.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Никола Мемов, директор на ПИОМ
-

Последици од поплавите во о.Чешиново-Облешево
-

Дали снегот и годинава ќе ги изненади институциите?
-

СДСМ: Фирма со 2 вработени добила 9 милиони евра државни тендери за 6 месеци
-

ВМРО ДПМНЕ обвинува за криминал
-

Илир Демири од алијансата на Села ќе делува како независен пратеник
-

Пензионерите поделени околу протестот пред Уставниот суд
