Израелскиот вицепремиер Силван Шалом поднесе оставка

Израелскиот вицепремиер Силван Шалом поднесе оставка поради обвиненијата за сексуално вознемирување, што кон него ги упатија неколку жени, пренесе ДПА.
- Доволно непријатности преживеав, изјави 57-годишниот Шалом во коминике, во кое тврди дека е невин.
Моето семејство стои зад мене, но тоа веќе не заслужува да го подложувам на овој притисок, изјавува Шалом во коминикето и подвлекува дека се надева дека ќе ги зачува својата мајка, сопругата и петте деца од натамошно ширење на скандалот.
Израелскиот главен обвинител Јехуда Вајнштајн почна истрага за жалбите кон Шалом, кои минатата година го принудија да остане надвор од претседателскиот натпревар.
Шалом е виден претставник на владеачката десна партија Ликуд. Тој во својата досегашна политичка кариера бил и министер за надворешни работи и министер за финансии на Израел.
Премиерот Бенјамин Нетанјаху во мај му овозможи да ги предводи преговорите со Палестинците. Во минатото Шалом се изјаснуваше против создавање палестинска држава.
Израелскиот весник „Аарец“ информира за тврдењата на поранешна колешка на Шалом дека се обидувал да ја допира на неумесен начин. Таа, меѓутоа, решила да не жали до полицијата. Откако нејзните тврдења станаа јавно достапни и други жени, исто така, упатија слични обвинувања.
Ново на Сител
-

Вучиќ: Ги изгубивме изборите
-

Затворени гласачките места во Србија, излезноста до 19 часот над 67 отсто
-

Масовна излезност на изборите во Србија - до 17 часот над 60 проценти
-

Во тек се подготовки за самитот на Путин, Трамп и Шји, можна средба во Мајами
-

Рама најави казни до 5.500 евра за демонстрантите што нема да се повлечат по полициско предупредување
-

Камелија Недев освои сребро на Светското првенство во традиционално карате
-

Приведени девет возачи, тројца возеле без положен возачки испит, а шест под дејство на алкохол
-

16-гoдишник од невнимание зaстрелал малолетник вo Боговиње, сам сe пријавил во полиција
