Израелскиот Национален совет за безбедност повика на зголемена будност во странство

Израелскиот Национален совет за безбедност – НСЦ синоќа издаде ново предупредување барајќи од Израелците во странство да бидат повнимателни по нападот за време на прославите на Ханука во Сиднеј, во кој загинаа најмалку 16 лица, јави Си-Ен-Ен
НСЦ во соопштение објави дека „двајца терористи отвориле оган врз семејствата што пристигнуваат на прославата на Ханука што ја организира еврејската заедница на плажата Бонди во Сиднеј, Австралија“.
Израелскиот Национален совет предупреди на ризикот од натамошно насилство од страна на напаѓачи мотивирани од пукањето.
„Претходните искуства покажуваат дека се можни инциденти во кои поддржувачите на тероризмот би можеле да бидат инспирирани од овој напад“, се наведува во соопштението.
Затоа, НСЦ ги повика Израелците во странство строго да ги следат безбедносните мерки и да избегнуваат големи необезбедени јавни собири, како што се настани во синагоги, забави за Ханука и слични пригоди.
Во соопштението се советува и зголемена будност околу еврејските и израелските локации, како и пријавување на каква било сомнителна активност до локалните безбедносни сили.
Предупредувањето доаѓа во услови на зголемени стравувања за глобалната безбедност по вчерашниот терористички напад во Сиднеј.
МИА
Ново на Сител
-

Бела куќа: Средбата на Трамп со Си Џинпинг не е загрозена, но можно е одложување
-

Муцунски: По трагедијата во Кочани, помошта од странските земји беше силна потврда дека имаме пријатели ширум светот
-

Од почетокот на годината во Србија се регистрирани нови 52 медиума
-

Од утре дожд и пониски температури
-

Ѓорѓиевски: Една година без нашите ангели, сè уште е тешко да се поверува дека ни се случи ваква трагедија
-

Штип вечерва ќе им оддаде почит на загинатите во кочански „Пулс“
-

Објавени списоците за ваучери за инвертер-клими, рокот за подигнување 30 дена
-

Во скопската Зоолошка градина се роди пингвинче
