-->
-->
Израелски полицајци убија палестинско момче
-->
Припадници на израелската погранична полиција убија денеска Палестинец кој им заканувал со нож, соопшти полицијата.
Портпаролката на полицијата Луба Самри изјави дека 18-годишниот Палестинец се симнал од автобус во северен Ерусалим и се приближил кон полицајците, кои се наоѓале таму, однесувајќи се сомнително.
Таа додаде дека кога полицајците му наредиле да застане, тој извадил нож и почнал да им се заканува. Тие отвориле оган кон него и го убиле.
Палестинското Министерство за здравство потврди дека тинејџерот бил убиен, но не го откри неговиот идентитет.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кривична за полицаец - нападнал обезбедување во ноќен клуб во Скопје
-
Зеленски неделава во посета на Саудиска Арабија, веднаш по средбата на руски и американски дипломати
-
Реал Мадрид го обжали црвениот картон на Џуд Белингем
-
Tерорист од Чаир стана министер во Сирија
-
Барселона финализира договори за неколку клучни играчи
-
„Ќе ти ги убиеме децата“, уапсен маж кој се заканувал на српскиот претседател Вучиќ
-
Утре инаугурација на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, ХДЗ бојкотира
-
Мисајловски во официјална посета на Словенија