Израелски напади ја оштетиле надземната структура на нуклеарниот објект во Натанц, потврди МААЕ
Израелските воздушни напади врз Иран оштетиле делови од надземната инфраструктура на нуклеарниот објект во Натанц, каде Иран збогатува ураниум до 60 отсто, изјави генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, на итна седница на Советот за безбедност на ОН.
„Оштетени се надземните објекти, вклучително и електричната инфраструктура и генераторите за итно напојување, изјави Гроси.
Подземните капацитети, каде се наоѓаат центрофугите, изгледа не се директно погодени, но губењето на напојување може да предизвика дополнителни штети. Околината на објектот не покажува зголемени нивоа на радијација, иако во внатрешноста е регистрирано радиолошко и хемиско загадување.
Натанц е клучен објект во иранската нуклеарна програма. Збогатувањето ураниум до 60 отсто е под прагот од 90 отсто потребни за изработка на нуклеарно оружје.
Ново на Сител
-
Осум македонци од Израел најдоцна до утре ќе бидат евакуирани со владиниот авион преку Египет
-
Тема на денот со Златко Кузманов, доктор по безбедност
-
Почна дводневниот Енергетски форум МЕФ 2025
-
Евакуација од Израел
-
Војната се шири
-
Сиљановска Давкова и Радев на Самит во Тирана - Нема потврда за билатерална средба
-
Надзорна за Кочани
-
Изет Меџити му чува место на Тачи за влез во Владата