Израелски бизнисмени ќе произведуваат индустриски и фармацевтски канабис во Солун
Израелски приватни инвеститори, преку инвестиција вредна шест милиони евра, во Солун ќе произведуваат индустриски и медицински канабис што ќе се извезува во Европа и Израел, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.
Првата фаза од инвестицијата е во висина од еден милион евра и е веќе започната, а вклучува одгледување на индустриски канабис на површина од 40.000 метри квадратни, а останатите пет милиони евра се предвидени во втората фаза што ќе започне следната година и предвидува создавање на медицинска – фармацевтска единица за преработка на канабис.
-Целиот проект се заснова на помош на експерти. Во Израел постои широко техничко знаење во одгледувањето канабис и во нашиот тим имаме водечки експерти, што ни дава конкурентска предност, вели за АНА-МПА Амит Фахима, кој е шеф на научната група што учествува во проектот.
Ново на Сител
-
Вештачката интелигенција „ги изеде“ јуниорските работни места: Како сегашните и идните студенти да се подготват за новата реалност?
-
Инженери на Македонија со иницијатива до Уставен - дали паушалните сметки за струја се законски?
-
Над 50 работници од штипска конфекција останаа на улица
-
Во штипската касарна „Јане Сандански“ одбележан Денот на македонската армија
-
Преглед на вестите од светот
-
Зеленски и европските лидери кај Трамп
-
АРМ слави 33 години постоење
-
ДИК: Само со два потписи независните ќе учествуваат изборите