Израелската војска соопшти дека ги „интензивира“ активностите во Газа
Израелската војска ги засилува своите активности во Појас Газа, изјави денеска началникот на Генералштабот Ејал Замир, пренесува ДПА.
– Ја интензивираме нашата активност во согласност со утврдениот план. Хамас е под огромен притисок. Го изгуби поголемиот дел од своите средства, како и командата и контролата, рече Замир за време на посетата на војниците во градот Кан Јунис на југот од Појасот Газа.
Тој кажа и дека ќе бидат искористени сите средства кои им се на располагање за ослободување на преостанатите залжници што се уште ги држи Хамас.
– Ова не е бесконечна војна. Целта ни е да ја завршиме со постигнување на нејзините цели, да ги вратиме заложниците дома, да го расформираме Хамас и да го демонтираме неговото владеење, рече Замир.
Израелските медиуми претходно објавија дека војската ги прераспоредила сите свои пешадиски и тенковски бригади во Појасот Газа.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху неодамна објави планови за заземање на целиот Појас Газа.
Вооружените сили започнаа нова голема офанзива пред околу една недела. Оттогаш секојдневно се пријавуваат десетици случаи на загинати и повредени во Појасот Газа. Воените дејствија на Израел во крајбрежната енклава, каде што живеат околу два милиона Палестинци, наидоа на масовни меѓународни критики.
Во меѓувреме, расте критиката меѓу израелското население, а анкетите на јавното мислење во Израел покажуваат дека многумина се за прекин на војната во Газа.
Ново на Сител
-
Софија денеска ќе одговори дали ќе се одржи средба меѓу претставниците на самитот во НАТО во Хаг
-
До Собранието сè уште не е пристигнат предлогот за Азир Алиу да биде нов министер за здравство
-
Министерот Муцунски на одбележувањето на 30 год. на Дејтонскиот договор
-
Внимателно во Охрид, крадци од цела Македонија оперираат
-
Судството да се тргне од канџите на политиката
-
Преглед на вестите од светот
-
Aзир Алиу предлог на „ВРЕДИ“ за нов министер за здравство
-
Aзир Алиу предлог на „ВРЕДИ“ за нов министер за здравство