Израелската војска нападна цели на Хамас, како одговор на трите ракети од Газа

Израелски борбени авиони утгринава ја нападнаа Газа во знак на одмазда за трите ракети што ноќеска беа истрелани врз Израел од оваа палестинска територија, соопшти војската.
Палестинските медиуми јавуваат дека се нападнати неколку цели крај градот Кан Јунис, на југот од појасот Газа.
Во военото соопштение се наведува дека целите, локации на кои се произведува оружје, му припаѓале на Хамас, движењето кое раководи со Појасот Газа.
Непосредно по полноќ најмалку три ракети биле истрелани од Појасот Газа врз Израел и активирани биле сирените за противракетна узбуна на југот на земјата.
Две лица се полесно повредени додека брзале во засолниште, јави израелското воено радио.
Нема информации за активирање на противракетниот систем „Железна купола“.
Во последната недела врз Израел се истрелани најмалку 13 ракети, соопшти изрелската војска.
Тензиите меѓу Израел и Газа постепно растат во последните две недели, по неколкуте месеци на релативно затишје.
Стравот од ескалација на насилствата е особено засилен откако на 28 јануари беше објавен мировниот план на САД, што се смета дека е во корист на Израел.
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова: Творештвото на Чемерски заслужува темелно да се истражи, документира и претстави
-

Од победник на ораторски вечери до Индија на Мис на светот | Чарна Невзати | Sitel Podcast 125
-

Од следната недела се воведува 18% ДДВ на онлајн-нарачки до 22 евра
-

Поради говорот на омраза на Додик, СНСД ќе плати казна од 15.000 евра
-

Советот на Европа бара поефикасно собирање податоци за справување со сексуалната злоупотреба на децата
-

Амандманската расправа за Буџетот за 2026 продолжува утре напладне
-

Најмногу дожд на Попова Шапка, најмалку во Штип
-

Во Собранието амандманска расправа за Буџетот за 2026
