Израелската Влада нареди запирање на офанзивните операции во Појасот Газа
Израелската Влада ѝ нареди на војската да ги ограничи офанзивни операции во Појасот Газа и соопшти дека се подготвува за „итна имплементација“ на првата фаза од планот на американскиот претседател Доналд Трамп по одговорот на Хамас, објавија израелските медиуми.
– Како резултат на одговорот на Хамас, Израел се подготвува за итна имплементација на првата фаза од планот на Трамп за ослободување на сите заложници, се вели во соопштението од канцеларијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху.
Во меѓувреме, американскиот претседател објави видео порака во која вели дека според мировниот план за Појасот Газа „сите страни ќе бидат третирани фер“.
– Денеска е одличен ден. Ќе видиме како ќе се развива. Сега треба да ги финализираме деталите, истакнува Трамп во видео објавено на неговата социјална мрежа Truth Social, откако Хамас соопшти дека делумно го прифатил неговиот предлог.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, пак, изјави дека одговорот на Хамас на планот на Ттамп покажува дека групата е „подготвена за мир“, објави израелската новинска агенција TПС.
Израелската армија соопшти дека добила инструкции да се подготви за спроведување на првата фаза од мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за Газа.
– Во согласност со упатствата на политичкото раководство, началникот на Генералштабот даде упатства за подготовка за спроведување на првата фаза од планот на Трамп за ослободување на заложниците, соопшти ИДФ.
МИА
Ново на Сител
-
Предизборен карван на ВМРО-ДПМНЕ во Сопиште, Шуто Оризари, Бутел и Карпош
-
Предизборен карван на СДСМ во Долнени, Кривогаштани и Прилеп
-
Касами со ветувања за нови училишта, Османи за инфраструктура
-
Приведена сопругата на д-р Шаини, напаѓачот е во бегство
-
Тема на денот со Армен Григорјан, постојан претставник на УНДП
-
Д-р Шаини е пуштен на домашно лекување, ДУИ обвинува случајот е обид за атентат
-
Максимални три години затвор за тројцата обвинети за Вардариште
-
Претставници на „Стоп Вардариште“ на средба со институциите во МВР