Израелската Влада го поддржа Договорот за возобнова на односите со Турција

Израелската Влада денеска го поддржа Договорот за возобновување на односите со Турција, што беа прекинати во 2010 година.
Поголемиот број членови на кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху гласаа „за“ Договорот, но тројца министри од ултрадесничарската партија Еврејски дом (Бајт Јехуди) и од партијата Израел Бејтену (Наш дом Израел) гласаа против.
Неколку роднини на Израелци убиени при палестински напади, поднесоа петиција до Врховниот суд на Израел против Договорот, барајќи прво Турција да ги протера сите високи членови на исламистичкото палестинско движење Хамас од своја територија.
Високи претставници на министерствата за надворешни работи на двете земји вчера го потпишаа Договорот, што сега треба да биде одобрен и од турскиот Парламент.
Односите меѓу некогашните блиски сојузници Турција и Израел беа прекинати пред шест години, кога израелски командоси упаднаа на турски брод, што превезуваше хуманитарна помош за Појасот Газа, при што загинаа десетина Турци.
Со Договорот е предвидено Израел и Турција да воспостават целосни дипломатски односи, а Тел Авив да им исплати 20 милиони долари отштета на семејствата на загинатите Турци. Во замена, Турција се согласи да ги повлече тужбите против израелските војници кои учествуваа во операцијата, како и да спречи секакви воени акции или собирање средства во Турција за Хамас.
Ново на Сител
-

Николоски: Деталите за престој на превозниците во ЕУ по средбата во Брисел ќе ги прецизираме заедно со нив
-

Почина поетот, писателот и преведувачот Тихомир Јанчовски
-

Македонците кои трчаа на Tor des Geants | Катерина Шиповиќ и Жикица Ивановски | Sitel Podcast 137
-

Едно од десет лица во светот работи во „ноќната економија“ – анализа презентирана во Давос
-

Истрага против четири лица за пронајдени дрога и оружје во Брвеница
-

Орбан: Парите за Украина треба да се пренасочат кон развој на армиите на европските држави
-

Јаневска: Законот за високото образование в понеделник на ЕНЕР, наставниците ќе добијат 7,5 проценти покачување со мартовската плата
-

Мицкоски за проблемот со транспортерите: Имавме дипломатска офанзива, има неколку можни решенија
