-->
-->
Израелската полиција забрани приод на Ридот на храмовите за мажи под 50-годишна возраст
-->
Израелската полиција соопшти дека денеска забранува пристап до главното светилиште во Ерусалим за мажи под 50-годишна возраст, со цел избегнување нови безредија по вчерашните судири во кои беа повредени десетици Палестинци.
– Направени се анализи на ситуацијата и има индикации дека ќе има безредија и демонстрации, соопшти полицијата.
– Само мажите над 50 години и жени ќе може да бидат во реонот, а дел од улиците околу Стариот град ќе бидат со ограничен пристап, наведе полицијата.
Во соопштението се додава дека се преземени неопходни мерки за безбедност за да се спречи и одговори на какви било пројави на насилство за време на петочната молитва во џамијата Ал Акса.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведен возач поради сообраќајката на ул. „Ќемал Сејфула“ во Скопје
-
Обвинителство бара притвор за осомничениот за напад врз лекари и полицајци во казино во Битола
-
Раст на каматната стапка на депозитите, намалување кај кредитите
-
Сезонска забрана за градежни активности во центарот на Охрид и долж крајбрежјето
-
Целосна забрана за движење во шума од денеска до 31 август
-
Маск го нападна законот на Трамп за даноци и трошоци
-
Без вода населба Радишани
-
Изгаснат пожарот на галијата во центарот на Скопје