Израелската армија распореди булдожери пред болницата Ал Шифа, соопшти МЗ на Хамас
Министерството за здравство во Појасот Газа со кое управува палестинското исламистичко движење Хамас денеска соопшти дека израелската армија распоредила булдожери пред болницата Ал-Шифа, за која се сомнева дека Хамас ја користи како воена локација.
„Израелските булдожери уништија делови од јужниот влез“ на болницата, се вели во кусото соопштение на Министерството.
Израелската војска соопшти дека во моментот се извршува воена операција во болницата.
„Спроведуваме целна операција во болницата Ал Шифа. Продолжуваме да напредуваме“, изјави генерал-мајор Јарон Финкелман, кој е одговорен за операциите во Појасот Газа.
Армијата вчера почна операција во главната болница во Газа, што предизвика меѓународна загриженост и критики, а потоа ги повлече своите војници и тенкови. Според ОН во тој болнички комплекс има околу 2.300 луѓе, меѓу кои пациенти, лекари и раселени лица.
Ново на Сител
-

Лишени од слобода крадци од Гостивар и гостиварско
-

26-годишен гостиварчанец со „јагуар“ удрил пешак и тешко го повредил
-

Мицкоски: Македонија влегува во деценија на зрелост, наша мисија е да покажеме дека државата ќе успее
-

На Ортопедија успешно изведени две трансплантации на коска од починат донор кај педијатриски пациенти
-

Од следната недела стабилно и топло време
-

Избрана Комисијата за гласање на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ
-

Мицкоски: Стратегијата Македонија 2030 е визија за стабилна, продуктивна, правична и европски позиционирана држава
-

Скопјанец возел со 2,55 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајка
