Израелската армија на 25 километри од Дамаск, се проширува тампон зоната
Израелската армија e на околу 25 километри југозападно од Дамаск пo нејзиниот упад во Сирија, соопштија денееска сириски безбедносни извори, откако Израел зазеде тампон зона на југот на земјата и изврши воздушни напади врз сириската армија и воздушните бази во текот на ноќта.
Воената операција на Израел во Сирија дојде два дена откако бунтовничката алијанса брзо го собори претседателот Башар ал Асад и во време кога регионот и светските сили се загрижени за понатамошниот развој на ситуацијата. Сириски безбедносни извори изјавија дека израелските војници стигнале до Катана во Сирија, 10 километри источно од демилитаризираната зона што ја дели Голанската висорамнина окупирана од Израел од Сирија.
Израел изјави дека нема да се вклучи во сирискиот конфликт и дека окупацијата на тампон зоната е одбранбен чин.
Египет, Катар и Саудиска Арабија го осудија упадот. Саудиска Арабија рече дека овој потег ќе ги „уништи изгледите на Сирија за враќање на безбедноста“.
Воен мониторинг денеска рече дека Израел извршил 300 напади врз Сирија од падот на претседателот Башар ал Асад, додавајќи дека нападите ги „уништиле најважните воени локации“ во земјата.
Ново на Сител
-
Обука на вештаци за подобра експертиза и стекнување лиценци за поквалитетни судски постапки
-
Протест пред Собрание во организација на иницијативата „Кој е следен“
-
Министерството за образование и СОНК потпишаа нова спогодба за раст на платите
-
Маркови Кули - комплетно неискористен туристички потенцијал на Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонија пет години дел од најголемиот воено-политички сојуз - НАТО
-
Крива Река загадена со цијанид и олово, општината ќе бара кривична одговорност
-
Teма на денот со Михалис Рокас, евроамбасадор